БЕЗ СКРШНУВАЊЕ,.. НО И БЕЗ ЗАБРЗУВАЊЕ

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје ја објави редовната анализа на извештајот на Европската комисија за Северна Македонија. Новиот извештај покажува дека земјата останува умерено подготвена, со мали подобрувања во три поглавја, но и напредок само во три поглавја, додека се забележуваат мали поместувања и стагнација во останатите.

Се истакнува дека Северна Македонија останува насочена кон ЕУ, но дека недостигаат реформи, како и предизвици во судството и борбата против корупцијата.

  • Правосудство и владеење на право: Иако се забележува одреден напредок, поради донесено законодавство, потребни се реални промени за поголема транспарентност, отчетност и независност на судството.

  • Борба против корупција: Земјата стагнира во борбата против корупцијата и потребен е нов Кривичен законик кој ќе биде усогласен со европските стандарди со цел поефикасна борба со корупцијата.

  • Реформа на јавната администрација: Политичката поларизација и бавните реформи на јавната администрација се пречка за ефикасно владеење. Се препорачува засилување на транспарентноста, намалување на политичкото влијание и засилување на отчетноста.

ЕПИ исто така изработи и инфорграфици со споредба на подготвеноста и напредокот оценет во извештајот за Северна Македонија и останатите земји од процесот на проширување.

Автор: Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје