АНА ЛИНД ФОНДАЦИЈА

Фондацијата Ана Линд е меѓународна организација која работи од Медитеранот за да промовира меѓукултурен и граѓански дијалог во услови на растечка недоверба и поларизација.

Основана е во 2004 година, и станува првата институција за дијалог ко-креирана од Европската Унија и нејзините медитерански земји партнери. 

Фондацијата дејствува како Мрежа на национални мрежи која денес обединува над 4000 членови од Евро медитеранот со цел промовирање на дијалогот меѓу културите.

Националните мрежи ја одразуваат разноликоста на општеството и работат во разни области како меѓукултурни односи, културно наследство, религија, истражувања, човекови права, демократија и развојот на заедницата, уметност, младите и образованието, родови прашања, животната средина и одржливиот развој и медиумите. Во овој момент, националните мрежи постојат во повеќе од 40 земји.

Оваа мрежа има за цел да ги обедини и инспирира другите граѓански општества и да го засили влијанието на тој начин.

Мрежата цврсто верува во моќта на дијалогот, бидејќи тој ја зголемува толеранција,, ги проширува нашите перспективи,, го забрзува нашиот напредок и им дава надеж и храброст на луѓето ширум светот.

Фондацијата Ана Линд ја фокусира својата работа во три столба:

1.Зајакнување на гласовите на младите

Фондацијата ги зајакнува гласовите на младите преку обезбедување платформи и партнерства со младите луѓе за заедничко градење на поотворени, инклузивни и поотпорни заедници.

2.Влијание врз креаторите на политики

Фондацијата спроведува влијателни истражувања за меѓународното креирање политики и обезбедува уникатно разбирање на динамиката на конфликтите преку лидерство со мислење.

3.Водење на движење

Мрежата на фондацијата има за цел да ги обедини и инспирира другите граѓански општества, со што го зголемува нејзиното влијание.