ЧЛЕНОВИ НА МРЕЖАТА
УПРАВЕН ОДБОР
-
АЛДА Балкан
АЛДА Балкан е подружница на АЛДА - Европска асоцијација за локална демократија. АЛДА е глобален сојуз на локални и регионални власти и чинители на граѓанското општество кои работат заедно со партиципативен пристап за еластични, инклузивни и одржливи заедници.
-
ЕВРОТИНК
Евротинк е организација посветена на европеизација на македонското општество и брз пристап кон земјата во ЕУ. Организацијата го следи процесот на пристапување со примарен фокус на работа во следните области: Правда, слобода и безбедност, пристапување во ЕУ, Европа за граѓаните и регионална интеграција.
-
Балканскиот институт за регионална соработка
Балканскиот институт за регионална соработка има за цел да создаде прогресивни регионални вредности преку воспоставување мостови на соработка, промовирање на меѓусебното знаење и борба против предрасудите на Балканот
-
ЕСТИМА
ЕСТИМА има мисија да го постави и развие првиот глобално признат бренд на знаење во земјата и поширокиот регион. Се стреми да ги оспори постоечките стандарди во областа на создавање и размена на знаење и да дефинира нови.
-
РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА
Рурална коалиција има мисија да преку директна поддршка ги унапредува условите во руралните средини за воспоставување одржливи семејни земјоделски стопанства, градење на капацитети, придонес кон рамномерен регионален развој и учество во креирање на локалната и националната аграрна политика.
-
ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ
Европското движење во Република Северна Македонија е дел од Меѓународното европско движење кое обединува многу национални, регионални и локални организации без оглед на различните политички идеи. ЕММК континуирано работи на афирмација на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија и на афирмацијата на државата во рамките на европскиот јавен простор.
-
ЗДРУЖЕНИЕ НА ФИНАНСИСКИ РАБОТНИЦИ
Здружението на финансиски работници има за цел да го зголеми професионализмот на финансиските работници во општините ширум Македонија, обезбеди форум за ширење на информации за споделување и решавање на прашањата и проблемите со кои општините најчесто се соочуваат и да служи како застапник за промовирање на интересите на општините во врска со фискалните и буџетските прашања во однос на централната власт.
ЧЛЕНКИ
-
СЕГА
СЕГА работи на развој и имплементација на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и зајакнува младинските организации кои имаат за цел да ги активираат младите и да ги подобрат условите за нивен личен и професионален развој
-
ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Главна цел на Волонтерски Центар Скопје е да им даде неформални образовни можности на младите луѓе, во различни области, како на локално така и на меѓународно ниво. Тие се стремат да придонесат за мултикултурно граѓанско општество, да ги зајакнат постоечките демократски структури, да ги поддржат младите во развојот на нивните индивидуални способности и вештини и да поттикнат поблиска соработка меѓу младите
-
ЛОКОМОТИВА
Локомотива има за цел да го прошири пристапот на граѓаните до уметничките и културните активности, практики и процеси и да влијае на развојот и поддршката на современата, динамична уметност и култура како поттик за развој на демократско општество.
-
МРЕЖА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Мрежата за рурален развој создава центар за взаемно учење и соработка кој придонесува кон одржлив развој на руралните области преку мобилизација на локалните ресурси и знаење. Центарот нуди простор за поврзување на земјоделството со природата, наследството со иновацијата, храната со здравјето и граѓанското општество со политиката.
-
ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА
Институтот за европска политик има мисијад а обезбеди здрава основа за дебата и решенија, насочени кон носителите на одлуки и пошироката јавност, преку висококвалитетни истражувања и предлози за европската политика.
-
АРНО
АРНО развива и поддржува социјална иновација преку дизајнирање на нови опции и различни социјални иницијативи, кои ги развиваат активни, независни граѓани кои дејствуваат заедно и придонесуваат кон развој на заедницата и позитивните општествени промени.
-
ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА
Ценатрот за одржлив развоја на заедницата има мисија да го подобри квалитетот на животот во регионот преку здружување на граѓаните, здруженијата, бизнисот и локална самоуправа за промовирање на одржлива животна средина, добро управување и младинската акција преку дијалог и локална активност.
-
BETTER WOMEN BETTER WORLD
Better women better world е првата интерактивна македонска дигитална платформа која целосно и на различни начини го подобрува животот на жените на сите полиња. Оваа платформа е основа на стручни совети и препораки, дискусии, работилници и настани.
-
HORIZON CIVITAS
HORIZON CIVITAS има мисија да го зајакне граѓанскиот ангажман, да го зајакне нивото на демократија во општеството и да помогне во целосно спроведување на слободите и човековите права.
-
НВО ИНФОЦЕНТАР
Фондацијата посветено работи на создавање култура на континуирано и проактивно учество на граѓаните во политичките и општествените процеси преку постојана едукација и еманципација, како и преку јавно застапување. Организацијата се стреми да придонесе кон развиено и слободно демократско општество засновано на владеење на правото и почитување на човековите права, општество на просветени и проактивни граѓани кои живеат во благосостојба и негуваат достоинство, еднаквост, солидарност и правичност.
-
БИЛКИЛАЈФ
Билкилајф е центар за одржлив развој, преку хербализам и искористување на неговиот потенцијал за туристички и економски цели, социјално претприемништво циркуларна економија и инклузивност. Нивните активности се насочени кон рурален развој преку хербалниот туризам, со нови иновативни форми, создавање туристичка понуда за сите граѓани, кои ќе можат да ги користат придобивките од лековитите билки и шумски плодови, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, преку рекреативна тура за лица со попреченост со лековити билки, прва од ваков вид на нашите простори, со подвижни хербални градини.
-
НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ ЗА РОДОВНА РАМНОПРАВНОСТ
НСРР е национална мултиетничка, мултигенерациска, креативна мрежа ,ориентирана кон иднината - организација со членство посветена на постигнување родова рамноправност, развој, заштита на женските/човекови права и мир. Национален совет за родова рамноправност е основана во октомври 1994 година и прерасна во една од најголемите женски мрежи во Република Северна Македонија
-
ЛОЕСЈЕ БИТОЛА
Здружението за едукација и мобилиност ЛОЕСЈЕ Битола е активен центар на национално и меѓународно ниво. Работат во делот на човековите права и дискриминација, инклузија и меѓуетничка толеранција преку работилници кои го користат познатиот метод на Лоесје креативно пишување. Слободата на говор како и средство за активизам се постерите со креативни мисли кои ги креираат на многу јазици и ги распространуваат ширум светот.
-
ЕДУ АКТИВ ПЛУС
Еду актив плус е граѓанска организација која се залага за креирање на јавно мислење и политики во образованието и социјалната инклузија. Нивната цел е да го подобрат квалитетот на животот и пристапот до правата на сите деца во училиштето каде што работат, со посебен акцент на децата Роми, децата со посебни потреби и социјално загрозените деца. Нивната мисија е развој и имплементација на проекти во различни области, вклучувајќи ги сите граѓани без оглед на пол, возраст, религија, националност и попреченост.
-
InSoC
InSoC е формирано во март 2009 година на Институтот за активисти на неколку невладини организации кои работат на прашања поврзани со Ромите од Република Северна Македонија. Членството во InSoC е на доброволна основа и членовите се добро познати како активисти на граѓанското општество и искусни на локално ниво. Станува збор за активисти кои имаат многу години зад себе искуство и други видови активности поврзани со развојот на ромската заедница.
-
ЦЕТ ПЛАТФОРМА
ЦЕТ е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани чија визија е остварување на поширок општствен интерес, делување и остварување на цели во областите на граѓанското општество, демократскиот поредок и институции, граѓанските вредности, човековите права, медиумите, неформалното образование и ранливите категории на граѓани во општеството. Преку својата работа, се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.
-
ЉУБЕЗНОСТ
Здружението на граѓани Љубезност дава помош и поддршка на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци преку реализирање на активности за социјална, правна, психолошка и медицинска поддршка, како што се вадење на лична документација, посредување за вработување, поддршка во остварување на социјални трансфери, сместување на бездомници, планирање на лични финансии, психолошка и медицинска помош, плаќање на сметки за струја и вода, мали поправки и санации во домовите, донација на храна, хигиена и лекарства
-
ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА
Гласот од тишината е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и подигнувањето на јавната свест за лицата со попреченост, разработување на форми и методи за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка. Визија на здружението е создавање на препознатлив и достапен центар кој ќе пружа психолошка помош, психотерапија и едукација.
-
BRIGHT SKY
Организацијата Bright Sky има за цел да ги заштити човековите права, градењето мир, квалитетното образование и екологијата.
-
Жена Делчево
Организација ЖЕНА Делчево ги гради капацитетите на жените, младите и маргинализираните и ранливи групи преку едукација, информирање и граѓански акции во сите области на општественото живеење за градење на еднакви можности на локално и регионално ниво.
-
Центар за истражување и креирање политики - ЦИКП
ЦИКП е невладина организација основана во 2004 година која се фокусира на анализа и на подобрување на законите со цел да се вклучат граѓаните во процесот на креирање политики.ЦИКП има реализирано над 200 истражувачки проекти, а од 2011 година го префрли својот фокус и станува водечки тинк-тенк во Западен Балкан. Организацијата има работено со бројни партнери и клиенти, вклучувајќи ги ЕУ, Светската банка, УНДП и ОБСЕ, и има произведено на меѓународно признати политички студии и извештаи. Истражувачките активности на организацијата се фокусирани на различни теми, вклучувајќи миграции, родово одговорно буџетирање, економија, управување и социјална вклученост.
-
ДРЕНКА
Здружението Дренка поттикнува иницијативи за одржлив локален и рурален развој и учествува во градењето на јавното мислење и креирањето политики во областа на доброто владеење и развојот на интегриран и мултисекторски стратешки пристап, преку зајакнување на локалната конкурентност и иновативност и промовирање на одржливи практики.
-
Гоу Грин
Гоу Грин е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година во Скопје. Нивната мисија е да развиваат вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваат образование и практични решенија за заштита на животната средина. Сакаат да влијаат врз формалното и неформалното образование за поголемо интегрирање на климатските промени и одржливиот развој во образовните програми. Работат за да им овозможат поддршка на ранливите групи со знаење, вештини, работни места во зелената економија.
-
СФЕРА Интернешнал - Битола
Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал - Битола има мисија да ја подигне свеста и да ги едуцира граѓаните на С. Македонија за заштита на животната средина, културна свест, здрав начин на живот, развој на младите, спорт, уметност и активно учество преку користење на методи на неформално образование.
-
My Mobility
My Mobility е невладина организација основана во 2021 година во Тетово, Северна Македонија. Ние сме посветени на промовирање на мобилност, инклузија и образование, особено за обесправени групи.
-
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Европски Универзитет Скопје е приватна високообразовна установа која што реализира студии од прв и втор циклус во повеќе научни области.
-
Институт за применети истражувања за бизнис
Научниот Институт за применети истражувања за бизнис е научно-истражувачка и консултантска установа чија основна цел е преку вмрежување на применети истражувања од областа на економските, организационите, правните и инженерските науки, и со балансирање на истите со заштитата и економијата на животната средина, континуирано да придонесува за унапредување на потребите на бизнисот во современото општество.