Првиот Форум за развој на Преспа

Од 12 до 14 јули се одржа Првиот Форум за развој на Преспа на кој повеќе граѓански организации од регионот на Преспа од Северна Македонија, Албанија и Грција се сретнаа и дискутираа за перспективите за одржлив еколошки, економски и културен развој на Преспанскиот регион.

Еден од клучните гости на Форумот во Претор беше г. Вортер Кромли кој ги пренесе искуствата на Фондацијата на езерото Констанц кое, покрај Преспанското, е единственото езеро во Европа чии брегови се протегаат на територијата на три држави (Швајцарија, Германија и Австрија).

Извор: Евротинк

На отворањето на Форумот присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, градоначалникот на општината Ресен Јован Тозиевски и градоначалникот на општината Преспа во Грција Јоргос Стергиу.

Тридневниот Форум беше затворен со дискусијата на работните групи, чии заклучоци ќе се користат за оформување на препораките за јавни политики кои ќе бидат изработени во рамки на проектот Преспа среќава Хоризонти.

Автор: Евротинк