Градење врски, создавање можности: Македонската мрежа на Ана Линд Фондација со настан за вмрежување

На 17 септември 2024 година, во Јавна Соба, членовите на македонската мрежа на Ана Линд се сретнаа по повод настанот „Градење врски, создавање можности“ организиран од координаторите на мрежата, АЛДА за Балканот.

22 членки на мрежата беа дел од трите сесии посветени на вмрежување и интеракција, а модерирани од страна на Симона Славкова, проектен асистент при АЛДА за Балканот и одговорна за активностите на Ана Линд во Македонија.

Првата сесија беше панел дискусија со четворица панелисти: Арбен Вила (My Mobility), Лилјана Јоноски (Рурална Коалиција), Самет Шабани (Хоризонт Цивитас) и Надир Реџепи (InSoc), кои ги споделија своите успешни приказни и практики што ги применуваат во своите организации, инспирирајќи ги присутните членки.

Вториот дел од настанот им овозможи на учесниците да работат во групи, каде што размислуваа за целите, очекувањата и нивниот придонес за мрежата, при што произлегоа креативни и иновативни идеи.

Извор: АЛДА за Балканот

Последната сесија беше посветена на споделување на активни повици и проекти од членките. Говорници беа Ивана Велкова (АЛДА), која го претстави повикот за практиканти новинари во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“, Самет Шабани (Хоризонт Цивитас), кој го претстави повикот за учесници за Медитеранска младинска академија за култура и дијалог во соработка со организации од други земји членки на Ана Линд Фондација, Марија Георгиевска (Билкилајф), која ја претстави хербалната акцијата за собирање кесички чај, Марјан Ицоски (АРНО), кој го презентираше петтиот повик за проектот RISE, Маја Варошлија, која го презентираше проектот BOOST на кој работи тимот на АЛДА, Лилјана Јоноски (Рурална Коалиција), која го најави тематскиот форум "Вклучена заедница за отпорност на корупција„ и Зоран Илески (СЕГА), кој ги презентираше регионалните младински консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики.

Настанот заврши со неформален коктел и дружење, каде што членките изразија желби за идни соработки, како меѓусебно, така и со членки од други држави на мрежата на Ана Линд Фондација.

Автор: Симона Славкова (АЛДА за Блаканот)

ГАЛЕРИЈА