Млади лидери во новинарството

Во медиумскиот простор преполн со дезинформации и растечки притисок врз новинарите и новинарска слобода, проекти како што е Медиумите за ЕУ, кои се занимаваат со проблеми од овој тип во Северна Македонија се од голема важност. Проектот имплементира таргетирани интервенции преку професионални тренинзи, размена на експертиза и развивање на практични вештини. Главниот фокус е да се потенцира дигитална и медиумска писменост, но истовремено и новинарите да бидат снабдени со цврсти алатки за квалитетна репортажа, вклучувајќи тренинзи за анализа на податоци и справување со дезинформации. Медиумите за ЕУ исто така создава можности за младите да ги развиваат своите вештини и да учат од експерти и искусни новинари.

Уште од почетокот, програмата за менторство од 2023-2024 година резултираше со големо влијание и добри резултати. 10 практиканти, селектирани од 18 апликанти, завршија 3 месечна структурирана програма под менторство на Бојан Блажевски, Тамара Грнчароска и Семра Мусаи. Програмата комбинира фокусирани тренинзи на ЕУ институции и практчини новинарски вештини кои резултираат со успешни квантитативни резултати.

Дури 58 новинарски статии на македонски и албански јазик кои го привлекоа јавното внимание низ многу платформи на социјалните мрежи. Содржината која беше објавена на Евротинк веб-страната, достигна до 81.609 фејсбук кориснк и 18.191 инстаграм корисници, што се сведува на над 130.000 впечатоци низ сите платформи. Овие резултати го потенцираат интересот и влијанието кое произлегува од успехот на проектот.

Двајца од практикантите посебно ја истакнаа ефективноста на проектот преку нивни написи. Михаил Милошевски понуди длабока анализа на медиумска слобода и еколошки прашања.

Неговата анализа на Европскиот акт на медиумска слобода ги потенцира специфичните предизвици: Македонија се уште се соочува со конкретни предизвици кои вклучуваат закани и насилство врз новинари, корупција, бизнис и политички влијанија како и недостаток на ефективна легална заштита за новинари.  Репортажата на Зенел Мифтари на тема европска интеграција резултираше со перспективи кои се со ниво на висока експертиза на комплексни политички случувања. Во неговиот труд се вклучени анализи од политички експерти и новинари за различни предизвици како што се уставни промени и регионални дипломатски односи. Работата и трудот на младите практиканти покажува дека инвестирање во наредната генерација на млади новинари е од клучно значење за негување на поинформирано и подемократско ангажирано општество.

Програмата функционира низ јавна мрежа и добро структуриран пристап кој помогна да се обрне внимание на празнините во секторот на новинарството во Северна Македонија, конкретно во натписите на теми европска интеграција и демократските процеси. Програмата продолжува да се фокусира на создавање силни вештини на тема аналитичка репортажа и репортажа која е заснована на докази.

Севкупно, Медиумите за ЕУ, и програмата за практиканство  е одличен пример како таргетиран професионален развој може да ги зајакне новинарските стандарди и да ја подобри квалитетноста на репортажите на тема политички прашања. Преку практични тренинзи со експерти и ментори, учесниците развиваат конкретни вештини кои се потребни за правење на квалитетни написи во врска со европскиот интеграциски процес на Северна Македонија и на поширок демократски развој.

Автор: Симона Бишкоска (АЛДА за Блаканот)