Граѓанскиот сектор на патот кон формирање на Национално Собрание за Млади
Изминатиот петок (5 јули) го започнавме широкиот консултативен процес околу формирањето и функционирањето на Националното Собрание за Млади, во кој се очекува секоја организација што е дел од Регистарот на младински организации, да земе активно учество. На јавната дискусија одржана во Скопје, Граѓанските организации од младинскиот сектор разговараа и споделуваа различни идеи како да допринесеме кон поактивно младинско учество.
Одбравме три теми, за кои веруваме дека ќе бидат клучни при основањето на идното Национално Собрание за Млади.
Извор: Волонтерски центар Скопје
Првата тема беше насловена како: Какво Национално собрание за млади е потребно за силен младински сектор?
Втората имаше наслов: Како да се обезбеди ефективно Национално советодавно тело во процесите на одлучување и креирање политики?
Во, третата, пак, се бараше модел „Како Министерство за социјална политика, демографија и млади да обезбеди суштинска поддршка на младинскиот сектор?
Настанот беше поддржан од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ - Тетово. Проектот има за цел да ги подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.
Автор: Волонтерски центар Скопје