АЛДА Скопје беше дел од саемот за кариера на Американскиот Универзитет на Европа - ФОН
Тимот на АЛДА Скопје на 5 јуни 2024 година учествуваше на саемот за кариера организиран од Американскиот Универзитет на Европа - ФОН. Овој настан, кој се одржа во просториите на универзитетот, имаше за цел да ги информира и мотивира студентите во нивната иднина и развој на кариерата.
Претставниците на АЛДА Скопје им презентираа на присутните студенти и професори тековните проекти кои ги реализираат, како и македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд.
Презентацијата на АЛДА Скопје привлече интерес кај студентите, кои имаа можност директно да се запознаат со можностите кои ги нуди организацијата, како и да добијат конкретни информации за начините на вклучување и учество во различни активности и проекти.
Настанот претставуваше одлична платформа за младиот академски кадар да добие информации од прва рака за иницијативите кои можат да им помогнат во нивниот професионален развој и да создадат нови контакти и можности за соработка.