Состанок на координаторите на мрежите во Брисел
Од 21 до 23 мај, во Брисел се одржа состанокот на координаторите на мрежите и одборот на гувернери на Фондацијата Ана Линд. На настанот присуствуваа претседателката на Фондацијата, Принцеза Рим Али, координатори на мрежи и претставници од евро-медитеранскиот регион.
Македонската мрежа ја претставуваше Димитар Николовски од Евротинк.
Состанокот беше одлична можност за споделување на достигнувањата, експертизите и иновативните идеи на учесниците. Покрај тоа што овозможуваше отворен дијалог помеѓу координаторите на мрежите, состанокот исто така им овозможи на секретаријатот на Ана Линд Фондација да ги истакне најновите програми, активности и клучни новости на фондацијата.
Редовните состаноци имаат особена важност бидејќи им овозможува на координаторите на мрежите да се запознаат, да дискутираат идни проекти и актуелни теми, како и да ја зацврстат функционалност на мрежата.