Средби за заштита и одржливо управување со пасиштата во масивот Шар-Кораб
Деновиве тимотна CSCD инеговитепартнериод ALCDF во друштво на раководителите на Јавното претпријатие за економизација на пасишта, директорот г-дин Нефруз Челику и регионалните претставници од Тетово и Гостивар, одржаа средби за подигање на свеста на овчарите и огледувачи на овци и кози во бачилата на Шипковица во Шар Планина и бачилата на Галачник во Маврово. На овие средби се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат овчарите и нивните потреби, за да бидат главни чувари на заштитата на животната средина во планините. На овие средби беа разгледани прашањата за заштита на биолошката разновидност, ендемските растенија, нелегалните интервенции, грижата за дивата фауна, заштитата и одговорот при пожари, гостопримството на туристите, но и неадекватните движења на оклопните моторните возила 4*4 кои ги оштетуваат пасиштата, како и заштитата на животната средина од пластичен отпад.
Извор: CSCD
На овие средби се разговараше и за недостатоците и правно административните судири во управувањето со пасиштата, што создава неизвесност кај корисниците на пасиштата и влијае на работата на овчарите кои немаат време и знаење за бирократски прашања.
Не можеме да останеме без да го спомнеме и заблагодариме на великодушното традиционално гостопримство на семејството на г. Неџбедин Халити и неговата сопруга во Шипковица особено за густацијата топлиот див планински чај, како и на г. Васе и г. Тауланти во Галачник со овчо кисело млеко и свежо сирење, кои додаваат вредност и убавина на природата на овие планини. .
Овие состаноци беа организирани во рамките на проектот „Заштита и одржливо користење на заштитените подрачја на планините Шар, Маврово и Кораб-Коритник“, финансиран од програмата Преспа Охрид Nature Trust - PONT, имплементаторите на проектот Фондацијата ALCDF и партнерите CSCD и LAG Туристичка канцеларија Дибра.
Автор: CSCD