Заедно низ границите – Интеркултурна патека до детското село Троген

Во периодот февруари – април 2024, Детското село Троген во Швајцарија се претвори во меѓународна бајка кога 80 ученици од Република С. Македонија имаа можност да се вклучат во интеркултурна размена, да ги прошират нивните хоризонти и да бидат поддржани во нивниот културен развој. Преку динамични работилници и активности, учениците имаа можност да ги истражат културните разлики и заедничките вредности со нивните врсници од целиот свет.

Како најсилна точка на размената е креирањето на „follow up“ работилници, каде што учениците споделуваат нивни искуства и научени лекции од интеркултурното патување со нивните врсници. Работилниците имаат за цел пренесување на знаења и вештини до учениците, поттикнување на тимска соработка и размислувања за нивната локална и глобална заедница.

Извор:Коалиција СЕГА

Размената на ученици има голема важност за нивниот личен и културен развој. Искуствата од овој тип ги надградуваат училишните програми со практични и интерактивни вештини, а тоа ги зголемува способностите на учениците за тимска работа и меѓукултурно разбирање.

Исто така, интеркултурната размена во Троген им овозможува на учениците да воспостават долготрајни пријателства со ученици од целиот свет. Ново интеркултурно патување е палнирано во октомври, кога нови 40 ученици од средните училишта од Македонија ќе бидат дел од ново интеркултурно учење во Детското Село Песталоци

Интеркултурната размена е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ кој се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi и SmartUp - Social Innovation Lab, а финансиски е поддржан од Детската фондација Песталоци.

Автор: Марија Чолакоска